Избраните трудови ќе бидат дел од Зборникот што Комисијата го подготвува по повод одбележувањето на овој значајниот јубилеј.
По повод одбележувањето на петгодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со МПЦ и Брегалничката епархија, објавува конкурс за авторски трудови посветени на животот, делото и духовното значење на света Лидија Македонка– првата христијанка во Европа и духовен симбол на македонското христијанско наследство.
Право на учество имаат сите заинтересирани авторки, истражувачки, професорки, теолози, научни и културни работнички, публицистки и други лица кои ќе придонесат кон содржината на Зборникот. Трудовите да не бидат подолги од 7 страници (А4 формат) напишани на македонски јазик, со единечен проред во Word, фонт Times New Roman 12 и да се испраќаат на е-пошта: ognen.kocevski@kovz.gov.mk. Рокот за доставување на авторските трудови е 1 септември 2026 година.
Трудовите може да бидат од областа на животот и улогата на жените во религијата, духовноста, творештвото, христијанската култура и традиција. Во пораката задолжително треба да бидат наведени името и презимето на авторката, како и податоци за контакт.
Избраните трудови ќе бидат дел од Зборникот што Комисијата го подготвува по повод одбележувањето на овој значајниот јубилеј.
Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}