Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денес организира панел-дискусија посветена на мајчинството, улогата на жената во современото општество и предизвиците со кои таа се соочува во професионалниот, семејниот и духовниот живот.

Настанот ќе го отвори директорката на Комисијата, г-ѓа Оливера Трајковска, а програмата ќе се реализира во рамките на два тематски панели:

Прв панел „Општествено реализирани жени-мајки“
Во фокусот ќе бидат искуствата на општествено ангажираните жени и предизвиците во воспоставувањето рамнотежа меѓу професионалните обврски и мајчинството.
Учеснички: д-р Рашела Мизрахи, Ивана Ѓорѓиевска, Александра Иванова и проф.д-р Мимоза Рајл.

Втор панел „Мајчинството преку призмата на верата“
Претставнички на верските заедници ќе ги споделат своите размислувања за мајчинството, духовните вредности и предизвиците на современата жена.
Учеснички: проф.д-р Анета Јовковска, м-р Нада Андреева, Барбара Вуковиќ и м-р Вилдане Калоши.
Целта на настанот е да се поттикне отворен дијалог, размена на искуства и поголема општествена свест за значењето и поддршката на мајчинството.

25 ноември 2026 година

18:30 часот

Музеј на македонската борба – Скопје