Во периодот од 20.11.2025-23.11.2025 година директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска престојуваше во Неиве, Италија.
Во периодот од 20.11.2025-23.11.2025 година директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска престојуваше во Неиве, Италија.
Парохиската црква "Св.Архангел Михаил" во Неиве, како дел од Европската епархија одбележува 20 годишен јубилеј од своето основање, кое се поклопува со 20 годишниот јубилеј од хиротонијата на Европскиот митрополит г.Пимен и годишнината на самата општина Неиве.
По тој повод беше реализирана тридневна програма во чии рамки беа отслужени вечерна богослужба и Златоустова Литургија, духовна академија и заедничка прослава за иселениците од регионот Пиемонте.
На одбележувањето на јубилејот присуствуваа: митрополитот Европски г.Пимен, Михајловско- кошевичкиот митрополит г. Георгиј, градоначалникот на општина Неиве, д-р Паоло Пичинели, градоначалници од соседните општини, директотката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, отец Марко од Католичката црква во Неиве, како и голем број на преттавници на општествениот и црковниот живот во овој регион.
На духовната академија директорката на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска беше одликувана со орден од прв ред за извонредна соработка.
Директорката изразува огромна благодарност до: Европската епархија, митрополитот Европски г.Пимен, отец Михајло Матевски и сите членови на МПЦ" Св.Архангел Михаил" од Неиве.
Поддршката на Комосијата кон црковните парохии и општини во дијаспората ќе продолжи и во иднина и допрва ќе се продлабочува.