Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) ја информира јавноста дека утрово на празникот на сесловенските и македонски просветители Св. Кирил и Методиј во Ватикан македонска црковно-државна делегација имаше поклонение на гробот на Св. Кирил.
Делегацијата во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ со кој чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.
Во оваа прилика на сите македонски граѓани им го честитаме големиот празник, со кој се слави епохалното рамноапостолно дело на словенските браќа.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}