Традиционално и оваа година во рамки на Манифестацијата во чест на свети Кирил - по 54 пат државна и црковна делегација оствари посета на Италија и Светиот престол. Дел од делегацијата беше и Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Во рамки на традиционалната Манифестација во чест на свети Кирил, што се одржува по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, државна и црковна делегација оствари посета на Италија и Светиот престол.
Дел од делегацијата беше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски.
Во рамките на Манифестацијата во чест на свети Кирил, се одржа молебен во Базиликата „Сан Клементе“, каде што се наоѓа гробот на свети Кирил.