ВЕРСКИ КАЛЕНДАР: НОВА ХИЏРЕТСКА 1444 ГОДИНА
Денес муслиманските верници ја чествуваат Новата Хиџретска година.
На сите припадници на муслиманската вероисповед им ја честитаме Новата Хиџретска година како и почетокот на светиот месец мухарем.
Хиџрата е еден од најзначајните настани во историјата на исламот. Таа го претставува преселувањето на исламскиот пророк Мухамед и неговите следбеници од Мека во Медина во 622 година.
Хиџра ги потсетува муслиманите на животното патешествие и исполнување на својата вера со тоа што ќе пружат засолниште на раселените, обесправените и маргинализирани членови на нивната заедница.
Преселбата на божјиот пратеник Мухамед и првите муслимански заедници од Мека во Медина, традиционално го означува почетокот на новата година според исламскиот верски календар. Новата Хиџретска година секогаш се одбележува на првиот ден од исламскиот свет месец мухарем. Десеттиот ден на овој месец е Денот на ашурето. Тогаш се пости два дена. За постот во Денот на ашурето, исламската традиција вели дека ги брише гревовите од минатата година.
Според истражувачите на исламот, во 622 година, предупреден за заговор за негово убиство, пратеникот Мухамед пребегнал од Мека во Медина, 320 км северно од Мека. Јатриб подоцна ќе биде наречен Мединат ун-Наби, што во превод значи „градот на пророкот“, но ун-Наби подоцна се отфрла, па името станува Медина, што значи „градот“. Хроничарите на животот на пратеникот Мухамед велат дека Мухамед заедно со Абу Бекир ја напуштиле Мека и се засолниле во пештерата на врвот на планината Тавр, јужно од градот, за да го избегнат непријателскиот табор предводен од Сурак бен Малик. Тие останале во пештерата три дена пред да го продолжат своето патување. За време на патувањето, секогаш кога Сурак се приближувал до Мухамед и Абу Бакр, коњот на Сурак се сопнувал, додека конечно Сурак не се откажал од желбата да го фати Мухамед. Мухамед и Абу Бакр се упатиле кон Црвеното Море, следејќи го крајбрежјето до Медина, пристигнувајќи во селото наречено Куба. Таму основал џамија. Четиринаесет дена останал во Куба да го чека семејството на Али да му се придружи. Потоа, заедно продолжиле во Медина, а по пат учествувале во нивната прва петочна молитва. Откако пристигнале во градот, биле срдечно пречекани од тамошните луѓе.
Муслиманската година за која се случува Хиџра ја означува првата година од исламскиот календар и била воведен од Омар во 638 г. или 17 п.х. (со значење „по хиџрата“: меѓународно се користи наставката AH — anno hegirae — „од годината на хиџрата“).
Хиџра ги потсетува муслиманите на животното патешествие и исполнување на својата вера со тоа што ќе пружат засолниште на раселените, обесправените и маргинализирани членови на нивната заедница. Хиџра ја симболизира човековата добродетел насочена кон другите дека секогаш треба да им се биде од помош на луѓето кога ќе се обратат или кога ќе се воочи дека им е потребна помош.
На сите припадници на муслиманската вероисповед им ја честитаме Новата Хиџретска година како и почетокот на светиот месец мухарем.