Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на одбележувањето на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, организирано од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија и Еврејската заедница во Република Македонија.

Настанот беше отворен од Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на македонската делегација при Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот, а свои обраќања имаа: заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, амбасадорката на Државата Израел, Н.Е. Вивијан Ајсен; како и претседателот на Македонската Еврејска заедница, г-дин Пепо Леви.
Особено емотивен момент претставуваше сведочењето на Ефрат Барух Алтараз, која ја пренесе животната приказна на единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Во чест на жртвите беше одржано едноминутно молчење, по што ученици од ООУ „Димитар Влахов“ – Штип изведоа сценски перформанс „Писмо од Треблинка“.
Во рамки на одбележувањето беше отворена и изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Покрај одбележувањето во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот беше одбележан и со вечерен настан под мотото „Сеќавањето зборува“, во организација на Еврејска заедница на Република Македонија. Ова уште еднаш потврди дека институциите на државата се залагаат за почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање, со јасна и трајна порака дека минатото не е само сеќавање, туку и одговорност за иднината.