Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), денес, 20 мај 2026 година, во просториите на Комисијата се одржа настан по повод Светскиот ден на културната разноликост за дијалог и развој.
Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), денес, 20 мај 2026 година, во просториите на Комисијата се одржа настан по повод Светскиот ден на културната разноликост за дијалог и развој.
На настанот присуствуваа претставници на верските заедници и религиозни групи, како и млади учесници кои зедоа активно учество во дискусиите посветени на меѓурелигискиот дијалог, културната разновидност и улогата на младите во градењето на мирно и кохезивно општество.
Во рамки на официјалното отворање, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска, се обрати пред присутните, при што ја истакна важноста на заемната почит, соработката и негувањето на културната и верската различност како темелни вредности на современото општество.
,,Да бидеш различен од другиот е вистински предизвик. Но, таму каде што е Бог, не постојат разлики.
Бог е љубов, Бог е мир, да бидеме олицетворение на љубовта и мирот", нагласи директорката во своето обраќање.
Во текот на настанот се реализираше и дискусија и размена на мислења на теми поврзани со: улогата на младите во меѓурелигискиот дијалог; предизвиците со кои се соочуваат младите денес; културната разновидност како општествена вредност, како и за значењето на меѓусебната почит и соработка.
Во рамки на настанот на дел од учесниците им беа доделени благодарници и признанија за нивниот придонес и учество во конкурсот за есеј на тема „Различноста како предуслов за мир“.
Настанот заврши со порака за понатамошно продлабочување на дијалогот, меѓусебното разбирање и активното учество на младите во градењето општество засновано на мир, почит и солидарност.