На ден 23.03.2026 година, на покана на Н.Е. Софија Филипиду и заменик амбададорката Кристина Василату, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на приемот по повод 25 Март – Денот на независноста на Хеленската Република.

Овој значаен датум го одбележува почетокот на борбата за слобода и државност, а воедно се поврзува и со Благовештението како симбол на духовна надеж.
Во свечена атмосфера настанот обедини бројни претставници на дипломатскиот кор, високите институции, политичкиот и јавниот живот, како и претставници на верските заедници, потврдувајќи ја неговата тежина како место каде што се градат доверба, разбирање и партнерства.
Присуството на директорката на Комисијата на вакви настани претставува јасна институционална определба за негување на меѓурелигискиот дијалог, билатералните односи и зајакнување на културата на почитување и соживот.
Ваквите средби се живи мостови на соработка, простори каде што различностите се препознаваат како вредност, а заедничката иднина како заедничка одговорност.
Преку овој тип на соработка се зацврстуваат врските меѓу институциите и народите, отворајќи нови хоризонти за соработка и потврдувајќи ја определбата за стабилна, просперитетна и европска иднина.