Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на осветувањето на камен-темелникот за изградба на нов конак во Лешочкиот манастирски комплекс.
На ден 01. 02. 2020 година Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски, присуствуваше на осветувањето на камен-темелникот за изградба на нов конак во Лешочкиот манастирски комплекс.
Чинот на осветување на камен-темелникот го изврши Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан во сослужение на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и на митрополитите: Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Јосиф, како и во сослужение на многубројно свештенство.
На чинот покрај многубројниот народ присуствуваа и: Претседателот на Владата г. Оливер Спасовски, градоначалникот на Општина Теарце г. Исен Асани и директорот на Управата за заштита на културно наследство г. Ацо Костов.
Изминатиот период активно се работи на обнова на Лешочкиот манастир, а со осветувањето на камен-темелникот за прв пат по скоро 200 години ќе започне и изградба на нов конак. Комисијата и во наредниот период ќе ја продолжи институционалната подршка за заживување на ова значајно светилиште, кое е споменик на културата.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}