Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на поменот на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир.
По повод 176 години од упокојувањето на преродбеникот и игумен на Лешочкиот манастир отец Кирил Пејчиновиќ Тетоец денеска беше отслужен помен парастос од страна на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски и годинава присуствуваше на поменот, изразувајќи ја длабоката почит кон ликот и делото на лешочкиот игумен Кирил, кој оставил длабока трага во националната преродба, но и духовното издигнување на македонскиот народ во полошкиот регион.
Митрополитот потсети на поуките и примерот кој игуменот Кирил ги има оставено, но и за нивната актуелност и денес.
Годинава се навршуваат и 250 години од раѓањето на овој значаен преродбеник, а по тој повод се планирани и повеќе настани за во летниот период кои ќе се реализираат во согласност со условите и протоколите за заштита од вирусот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}