По повод Раѓањето Христово- Божиќ, на 24 декември 2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на полноќната Божиќна миса во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
По повод Раѓањето Христово- Божиќ, на 24 декември 2025 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на полноќната Божиќна миса во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
Светата миса ја отслужи Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс.д-р Киро Стојанов, во сослужение на катедралниот парох дон Винко Маслаќ, деканот протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов, бискупскиот канцелар отец Марјан Ристов и протојереј Гоце Костов.
Радосните празнични мигови со граѓаните од католичка вероисповед беа споделени и од Претседателката Н.Е. Гордана Силјановска-Давкова, градоначалници, претставници на МПЦ-ОА, државни институции и дипломатскиот кор, црковни и граѓански асоцијации, претставници на општествениот живот и голем број верници.
Во својата Божиќна проповед, бискупот Стојанов се осврна на завршувањето на Светата Јубилејна 2025 година, нагласувајќи ја нејзината посветеност на помирувањето, солидарноста и обновата на верата, како и размислувањето за човековото достоинство. Тој истакна дека воплотувањето на Божјото Слово, како централна христијанска вистина, му дава неповредливо достоинство на секој човек и ја осветлува смислата на човечкото постоење. Во контекст на глобалните предизвици, беше упатен повик за одговорно и критичко расудување, заштита на човечкиот живот и надминување на насилството и деградацијата на достоинството, како и предупредување за опасностите од комерцијализацијата на Божиќ.
За време на светата Божиќна полноќна мисапееше катедралниот хор под водство на Јулија Нелковска, а на оргули свиреа Филип Костов и Лука Костов.
Државниот врв, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, им го честитаа Божиќ на верниците од католичка вероисповед, упатувајќи пораки за мир, солидарност и духовна радост.