Македонската државно-црковна делегација ја посети базиликата Санта Марија Маџоре, во рамки на престојот во Рим по повод чествувањето на 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители.
Во рамки на програмата на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ државно - црковната делегација предводена од претседателката Н.Е. Гордана Сиљановска Давкова, на ден 24. 05. 2025 година ја посети базиликата "Санта Марија Маџоре" и положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и оддаде почит на гробот на Неговата светост, папата Франциск.
Дел од делегацијата беа: министерот за култура и туризам г. Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.
Спомен плочата во базиликата е местото каде што Светите Кирил и Методиј ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}