Во текот на средбата беше остварена и размена на искуства со Претседателството за верски прашања на Република Турција – Дијанетот, институција со сродни надлежности и заеднички интереси во областа на верските политики и соработка.
На ден 01. 04. 2026 година, од страна на директорката г-ѓа Оливера Трајковска во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи беше примена висока делегација составена од Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,;претседателот на Дијанетот на Република Турција, проф. д-р Сафи Арпагуш; амбасадорот на Република Турција во Македонија, г-дин Фатих Улусој; аташето за верски прашања, г-дин Мустафа Бодур; претставници на верските заедници од другите држави, како и претставници на Исламската верска заедница.
На средбата, која се одвиваше во исклучително пријатна и конструктивна атмосфера, беа упатени зборови на благодарност за учеството на директорката Трајковска, за нејзиното обраќање и пораките упатени на Самитот на верските лидери на Балканот, одржан претходниот ден во Скопје.
Реис-ул-улема Фетаху ја истакна улогата на Комисијата како значаен институционален мост помеѓу државата и верските заедници, нагласувајќи ги нејзините заложби и политики во унапредувањето на верскиот соживот и меѓурелигискиот дијалог.
Во текот на средбата беше остварена и размена на искуства со Претседателството за верски прашања на Република Турција – Дијанетот, институција со сродни надлежности и заеднички интереси во областа на верските политики и соработка.
По завршувањето на средбата, на членовите на делегацијата им беа врачени примероци од изданието на Комисијата „Запознавање со исламот – Водич низ историјата на исламот“.