Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на празничната литургија во Лесновскиот манастир.
Денеска, кога Црквата го празнува споменот на упокојувањето на Св. Гаврил епископ Велички Светогорец и светител Македонски, во Лесновскиот манастир беше отслужена празнична Литургија.
Со Литургијата чиноначалствуваше епископот Велички г. Никола, во сослужение на митрополитот Брегалнички г. Иларион и голем број свештенослужители.
На празничната Литургија присуствуваа директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г - ѓа Оливера Трајковска, градоначалникот на Општина Штип г - дин Иван Јорданов и градоначалникот на Општина Пробиштип г - дин Драган Анастасов.
Многубројниот верен народ и покрај лошите временски услови, присуствуваше на Литургијата и се поклони на светите мошти на светителот, барајќи исцеление за телото и душата.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}