На 3 ноември 2026 година, во организација на Факултетот за исламски науки – Скопје и Институтот „Конак“, во просториите на Факултетот во Кондово, Скопје, се одржа презентација на книгата „Адамија: Јас сум, затоа имам права и обврски“, од авторот проф. д-р Реџеп Шентурк (Recep Şentürk), декан на Факултетот за исламски студии при Универзитетот „Хамад бин Халифа“ во Катар.

На покана на организаторите, на настанот присуствуваше Бесим Мемеди, административен службеник на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Настанот беше посветен на разгледување на човечкото достоинство, правата и обврските на човекот низ призмата на исламската интелектуална и правна традиција.
Делото ја разработува суштинската идеја за универзалното човечко достоинство, истакнувајќи дека секое човечко суштество заслужува почит и заштита, независно од неговата верска, национална, етничка или културна припадност.
Во основата на делото е пораката дека човековите права произлегуваат од самото својство да се биде човек, а почитувањето на човечкото достоинство претставува темел на правдата, толеранцијата, соживотот и меѓусебното разбирање.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи изразува благодарност до Факултетот за исламски науки и Институтот „Конак“ за поканата и организацијата на овој значаен академски настан.