Четврток / 27 Август, 2026
На покана на вицепремиерот за европски прашања Беким Сали, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, на 26 август 2026 година, присуствуваше на промоцијата на книгата „Мисионерскиот пат на Гонџе Бојаџиу кон универзалната Мајка Тереза“, од авторите Алберт Рамај и Скендер Асани.
Промоцијата беше збогатена со изложба на документи посветени на животниот и мисионерскиот пат на Мајка Тереза, како израз на почит кон нејзиниот лик и дело и кон универзалните вредности на хуманоста, солидарноста и грижата за ближниот што таа ги остави како трајно наследство.
На настанот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, премиерот на Република Косово, Албин Курти, претставници на дипломатскиот кор, како и бројни гости од јавниот и општествениот живот.
Мајка Тереза, родена во Скопје како Гонџе Бојаџиу, со својата животна мисија остави неизбришлива трага во светското хуманитарно и духовно наследство. Нејзината порака за љубов, милосрдие и почит кон секој човек и денес претставува силен потсетник на вредностите што ги обединуваат сите луѓе.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}