Директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски присуствуваше на промоцијата на книгите „Слова за Словото“ на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски присуствуваше на промоцијата на книгата со проповеди „Слова за Словото“ (1 и 2), од авторот, Неговото блаженство, Митрополитот Скопски, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, а во издание на книгоиздателството „Матица македонска“.
„Слова за Словото“, всушност, претставува еден собир на мисли и размисли, на расудувања и поуки, на факти и информации, на пофалби и критики. Но, најмногу од сѐ – на слова, на зборови за Словото, за Господ Исус Христос. Слова за верата, за Црквата, за свештената и националната историја.... Овој труд е резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, дело на неговото архипастирско дело во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква – Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.
Промотори на изданието беа академик Витомир Митевски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}