Денеска, 28 октомври 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска и Огнен Коцевски, соработник во Комисијата, присуствуваа на официјалната промоција на новата мобилна апликација „м.Услуги“, организирана од Министерството за дигитална трансформација, која се одржа во Македонската филхармонија во Скопје.

На настанот, на кој се обратија претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, и амбасадорот на Европската Унија, г. Михалис Рокас, беа претставени функционалностите на новата мобилна апликација, чија цел е да обезбеди поедноставен, побрз и подостапен пристап до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон. На промоцијата присуствуваа и претставници на државните институции, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница, како и претставници на медиумите.
Со воведувањето на мобилната апликација „м.Услуги“ се отвораат нови можности за натамошно унапредување на електронските услуги, намалување на административните процедури и поедноставување на комуникацијата меѓу граѓаните и институциите.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е една од институциите што обезбедуваат услуги за корисниците преку Националниот портал за електронски услуги, со што активно придонесува кон процесот на дигитализација на јавната администрација и унапредувањето на достапноста на институционалните услуги.
Комисијата останува посветена на модернизацијата на своето работење, подобрувањето на квалитетот на услугите и обезбедувањето поефикасен и подостапен пристап за сите корисници.