Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски беше во работна посета на општина Дебар и регионот, каде што оствари средби со претставници на верските заедници од градот и околината.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски, на ден 18. 09. 2020 година беше во работна посета на општина Дебар. За време на посетата Директорот го посети Дебарското муфтиство на ИВЗ, каде што оствари средба со координаторот на муфтиството г-дин Решат Качалнику. Потоа беше посетен и храмот „Света Петка“ во Дебар и во седиштето на Дебарското архиерејско намесништво се оствари средба и со Архиерејскиот намесник, ереј Миле Ангелоски. На крај беше посетен и женскиот манастир „Свети вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир.
На средбите беше констатирано дека во Дебарскиот регион константно се негуваат хармонични меѓуверски односи.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}