Комисијата за односи со верските заедници е запознаена за настанот од медиумите и очекува Собранието веднаш изворно да се произнесе и да и ги појасни на јавноста аспектите кои со право ја засегаат.
Комисијата за односи со верските заедници е запознаена за настанот од медиумите и очекува Собранието веднаш изворно да се произнесе и да и ги појасни на јавноста аспектите кои со право ја засегаат.
Комисијата имајќи ја во предвид одредбата од чл. 3 на Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, која ја гарантира слободата на манифестирање на својата вера, право кое самостојно или заедно со другите јавно или приватно го има секој човек, целосно почитувајќи ги и несакајќи да ги повреди чувствата на граѓаните инволвирани во настанот, смета дека е потребно да укаже дека граѓаните имаат доволно можности и места за на религиски начин да комеморираат и изразуваат почит.
Тоа право им е на секој начин гарантирано од страна на државата, дури и без разлика на нивното својство или служба, но сепак Собранието како највисоко претставничко тело и законодавен дом е место за изразување на општествено политички ставови и преземање на протоколарни обичајни практики (едноминутно молчење, наместо едноминутна молитва) и како такво не треба да биде злоупотребувано.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}