На ден 16.12.2025 во амфитеатарот на Факултетот за исламски науки во Скопје беше одржан панел под наслов „Улогата на религијата во мултикултурното општество“, во организација на Факултетот за исламски науки (ФИН), Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје (ПБФ).
На ден 16.12.2025 во амфитеатарот на Факултетот за исламски науки во Скопје беше одржан панел под наслов „Улогата на религијата во мултикултурното општество“, во организација на Факултетот за исламски науки (ФИН), Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје (ПБФ).
Панел-дискусијата беше отворена со читање на цитат од Куранот од страна на студентот Мерван Ејупи:
О луѓе, Ние ве создадовме, навистина, од еден маж и од една жена, и Ние одредивме да бидете народи и племиња за да се запознавате. Најблагородниот кај Аллах, секако, е најбогобојазливиот. Аллах, навистина, е Зналец и Известен! Куран 49:13
Со овој цитат беше истакната универзалната порака за човечкото достоинство, различностите и меѓусебното запознавање како божја мудрост.
Настанот беше свечено отворен со обраќање за добредојде од деканот на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Абдулџемил Несими, кој ја истакна важноста на академскиот и меѓурелигискиот дијалог како предуслов за зајакнување на соживотот и меѓусебното разбирање во мултикултурното општество.
Свое обраќање и пригоден говор имаше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која потенцираше дека институционалната соработка меѓу верските заедници и државните институции претставува значаен фактор за унапредување на верската толеранција, дијалогот и општествената кохезија.
Со свое обраќање се вклучи и В.Д. деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Илче Мицевски-Игнат, кој нагласи дека теолошките факултети имаат особена одговорност во едукацијата на младите генерации за почитување на различностите и градење култура на мир.
На панелот како панелисти учествуваа: проф. д-р Фаредин Ебиби, проф. Д-р Милан Ѓорѓевиќ, Доц. др Абдулкерим Исени и д-р Беќир Мемеди.
Панел-дискусијата ја модерираше студентката на Факултетот за исламски науки, Ебру Ајдари, која со професионален пристап овозможи динамична и содржајна расправа меѓу учесниците.
На настанот присуствуваа и службениците од КОВЗРГ, Бесим Мемеди и Петар Петковски.
Во текот на дискусијата, панелистите ги изнесоа своите ставови за улогата на религијата во современото мултикултурно општество, при што беа нагласени значењето на меѓурелигискиот дијалог, почитувањето на различните верски идентитети и придонесот на религијата во јакнењето на општествените вредности.
По излагањата, следуваше сесија со прашања од страна на студентите, при што се разви отворена и конструктивна дискусија која остави позитивен впечаток кај присутните и придонесе за продлабочување на темата.
Настанот заврши со заклучок дека ваквите академски и меѓурелигиски средби се од особено значење за унапредување на дијалогот, разбирањето и соживотот во мултикултурното општество.
На крај на активноста, деканот на Факултетот за исламски науки, заедно со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, доделија благодарници на панелистите и на соработниците вклучени во организацијата на овој научен настан.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}