На 22 септември 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на настанот ,,Патување кон корените" во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Република Полска.

Во Меморијалниот центар на Холокаустот, во рамки на настанот беа прикажани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко Мила“ од авторот Петро Алексовски од Полска, посветени на сведоштвата и сеќавањата поврзани со децата од Егејска Македонија и нивниот пат од граѓанската војна од Грција до Полска.
Со своето присуство, директорката, г-ѓа Оливера Трајковска, ја потврди заложбата за зачувување на историската меморија, негување на културата на сеќавањето и поддршка на иницијативите што придонесуваат кон почитување на човековото достоинство, толеранцијата и меѓусебното разбирање.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}