На 23 септември 2025 година, градоначалникот на Куманово, г-дин Максим Димитриевски, оствари официјална средба со бискупот, монсињор д-р Киро Стојанов, поглавар на Католичката црква во Македонија. Средбата беше посветена на актуелните прашања поврзани со Католичката црква и нејзиното делување во Куманово. На средбата присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
На 23 септември 2025 година, градоначалникот на Куманово, г-дин Максим Димитриевски, оствари официјална средба со бискупот, монсињор д-р Киро Стојанов, поглавар на Католичката црква во Македонија. Средбата беше посветена на актуелните прашања поврзани со Католичката црква и нејзиното делување во Куманово.
На средбата присуствуваа и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, епархијскиот свештеник дон Томаш Бак од Полска, отец Зоран Стојанов, директор на „Каритас“, како и соработничката Соња Чресловник.
Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека општина Куманово ќе продолжи да ја дава својата поддршка на сите верски заедници, истакнувајќи дека мултиетничкиот и мултиверскиот карактер на градот претставува вистинска сила за унапредување на соживотот, толеранцијата и мирот.
По средбата, директорката Трајковска заедно со присутните гости изврши увид во градежните работи на идната католичка црква во Куманово, нагласувајќи ја важноста на овој објект како духовен и културен симбол за локалната заедница.
Завршниот впечаток од овој настан ја потврди силната порака: Куманово е град кој чекори напред со отворени врати за сите, градејќи иднина во која верските и културните различности се почитуваат и обединуваат.