Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Француската амбасада по повод пожарот на Богородичната црква во Париз.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Француската амбасада во Скопје по повод пожарот на Катедралата „Нотр Дам“ позната под името Богородичната црква во Париз.
За да се изгради нешто потребно е доста време, а да се загуби потребни се само неколку минути. За тоа бевме сведоци вчера, кога со неверување ја примивме веста за пожарот на Катедралата „Нотр Дам“ во Париз. Сите бевме немоќни сведоци на пламените јазици, кои за миг ја проголтаа познатата шилеста кула и покривот на Богородичната црква. Загубата е голема и тоа не е само загуба на Р. Франција, туку светска загуба на еден од најубавите примери на готска архитектура.
Дозволете во овие мигови на тага да го изразиме нашето длабоко сочуство со жителите на Париз и со францускиот народ за загубата на големото црковно, национално и културно наследство на Р. Франција.
За среќа кога конструкцијата на Катедралата остана цврста, посакуваме успешно реконструирање, со надеж дека по оваа Голгота во пресрет на Велигден, нејзините ранети делови повторно како феникс ќе воскреснат од пепелта врз арките на солидарноста.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}