Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Српската православна црква поради упокојувањето на епископот Ваљевски г. Милутин
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Српската православна црква поради упокојувањето на епископот Ваљевски г. Милутин
Дозволете од името на македонските граѓани да го изразам нашето сочувство со Српската православна црква и српскиот народ поради загубата на епископот Милутин, истакнувајќи ја нашата длабока почит.
Живееме во тежок и мрачен период каде животот на човекот е сериозно загрозен од смртоносниот вирус. Единствената светлина и рака за спас на човекот можеме да ја препознаеме во славното Христово Воскресение кое го очекуваме. Таму е утехата, смислата и изворот на животот.
Со таа воскресенска надеж, иако тажни, стоиме спокојни и смирени, и сме со сигурен поглед во иднината која постепено се претопува во вечноста, кон вистинската цел, небесниот Ерусалим – Божјото Царство.
Бог да го прости новопреставениот епископ г. Милутин и споменот на земјата да му биде вечен.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}