Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Српската православна црква поради упокојувањето на Неговата светост, Српскиот патријарх г. г. Иринеј
По повод упокојувањето на Неговата светост, Архиепископот пеќски, Митрополитот белградско-карловачки и Патријарх српски г. г. Иринеј (Гавриловиќ), Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до Српската православна црква, во која се вели:
Почитувани архиереји, свештенство, монаштво, клир и верен народ,
Дозволете во овие тешки моменти на споделена тага поради големата загуба на Неговата светост патријархот српски г.г. Иринеј, од името на македонската Комисија за односи со верските заедници и македонскиот народ да го изразам нашето длабоко сочувство.
Српскиот православен народ за краток период изгуби значајни духовници, но само храбрите во искушенијата стануваат посилни.
Пандемијата на вирусот го помрачи светот, кој поради слабоста на човекот одамна е зафатен од пандемијата на бесчувствителност и неправда. Само христијанството и вистинската чиста вера, во вакви драматични времиња може да ни ја разбудат надежта дека не очекуваат светли денови.
Бог нека го прости Патријархот г. Иринеј и нека му подари Царство небесно.