Сотировски – Шеик Ал Исса : Преку отворена соработка и меѓусебно запознавање до силно глобално општество на напредок и мир
На 12.08.2021 година Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски го прими Н.Е. Шеик Мухамед Бин Абдулкарим Ал-Исса, Генерален секретар на Светската муслиманска лига заедно со официјалната делегација на реномираната пан-исламска светска организација во свечената сала на Владата.
На средбата директорот Сотировски го запозна високиот гостин со вредностите на македонското општество, инклузивните политики и демократскиот амбиент во кој широко се почитуваат верските слободи и права. Македонската општествена кохезија е во голема мера определена и од меѓуверската почит која со векови постои. Притоа директорот посочи дека на глобално ниво загрижува подеднакво злоупотребата на правата и слободите во демократски услови, како и нивното спречување во недемократски услови.
На средбата се разговараше и за глобалните предизвици кои се појавуваат со растечкиот верски радикализам. Притоа е нагласена и поздравена улогата која Светската муслиманска лига ја игра во промовирањето на изворната форма на умерен ислам кој се залага за толеранција, дијалог и соработка меѓу културите и религиите во светот.
Шеикот др. Ал Исса ја поздрави подготвеноста за соработка и дијалог како и отвореноста во соработката со сите верски заедници во државата, притоа посочувајќи дека мирот и различностите се најголемото богатство во современото време.
Средбата се одржа во срдечна атмосфера, преку изразување на взаемната подготвеност и за идна соработка. На средбата присуствуваа и високи раководни лица на Светската муслиманска лига, Реисул Улема на ИВЗ и Националниот координатор за култура Алаѓозовски.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}