Меѓународен самит за религиски слободи во Вашингтон, САД
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски учествува на престижниот Меѓународен самит за религиски слободи во Вашингтон, САД кој ги обединува водечките авторитети од светот кои се залагаат за почитување и заштита на неприкосновените религиски слободи и права, за дијалог, соработка и развој.
Директорот Сотировски имаше чест да се обрати на пленарната сесија на Самитот каде се осврна на македонскиот модел на односи со црквите и верските заедници, постигнатите резултати на Комисијата и поставените цели, притоа претставувајќи ја поволната состојба, како и големото историско придвижување во македонското црковно прашање, признавањето и влегувањето во канонско единство на МПЦ-ОА со останатите православни цркви, како и конструктивната соработка со Католичката црква, Исламската верска заедница, еврејската заедница и протестантските цркви.
Директорот особено нагласи дека демократскиот свет мора со поголема сериозност да пристапи кон се почестата појава на религиозен радикализам, кој особено навлегува под превезот на гарантираните човекови права и слободи.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}