Соопштение за заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници
Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денес 27 септември се одржа во Скопје.
Претставници на хуманитарните организации на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква и Евангелската црква заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) посетија социјално ранливи семејства во Скопскиот регион и донираа храна, хигиенски средства и топол разговор за утеха и охрабрување на граѓаните кои се соочуваат со предизвиците кои ги наметнуваат актуелните кризи.
Акцијата се одржува и со цел да се испрати порака дека во вакво кризно време потребна ни е заеднички изразена солидарност, заедништво, сочувствителност. Иако верувањата ни се различни, припаѓаме на различни народи, говориме различни јазици, на сите заедничко ни е што сме луѓе, а тоа се согледува по нашата човечност.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}