На ден 22 септември 2025 година, во просториите на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), директорката г-ѓа Оливера Трајковска одржа состанок со Управниот одбор на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите „Просветление“, посветен на актуелниот статус на наставниот предмет „Етика во религиите“.

На состанокот, членовите на Асоцијацијата ја информираа директорката Трајковска за моменталниот статус на предметот, како и за предизвиците со кои се соочува наставниот кадар кој го предава истиот. Исто така, беше разговарано и за барањата на Асоцијацијата, кои претходно се доставени до надлежните институции.
Директорката Трајковска ја истакна својата подготвеност и заложба за преземање на конкретни чекори во насока на изнаоѓање решенија за проблемите што произлегуваат од моменталниот статус на предметот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}