Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски оствари средба со Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот г. г. Стефан.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски на ден 07. 06. 2022 година оствари средба со Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан.
На средбата присуствуваше и секретарот на Синодот на МПЦ-ОА, Неговото преосвештенство викарниот Епископ хераклејски г. Климент.
На средбата беше споделена радоста за позитивниот развој на процесот на препознавање и прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА. По разгледувањето на сите преземени подготвителни чекори се заклучи дека се е спремно за долгоочекуваното и историско сослужување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Вселенската патријаршија викендов во Фанар.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}