Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски оствари средба со г-дин Rt Hon Lord Pickles, специјален пратеник на Обединетото кралство за пост-холокауст прашања.
На ден 08. 02. 2023 година Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски, го прими на средба г-дин Rt Hon Lord Pickles, специјален пратеник на Обединетото кралство за пост-холокауст прашања.
Високиот гостин беше запознаен со работата на Комисијата, состојбите од сферата во која делува, а се разменија и мислења по актуелни прашања, при што се нагласи дека непочитувањето на човековите права, засилените обиди за ревидирање на историските факти и вистини доведува до обнова на темното минато со неговите искривени антивредности при кои се јави фашизмот и се случи холокаустот врз Евреите.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}