Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со Митрополитот кумановско-осоговски г. Григориј.
На ден 15. 10. 2024 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ оствари прва средба со Неговото високопреосвештенство, Митрополитот кумановско-осоговски г. д - р Григориј во Кумановско-осоговската митрополија во Куманово.
Митрополитот г. Григориј и посака топло добредојде на директорката Трајковска, притоа честитајќи и го изборот и посакувајќи и успех во раководењето со КОВЗРГ. Од негова страна директорката беше запознаена со митрополитските активности и проекти ширум епархијата.
Директорката Трајковска му се заблагодари на Митрополитот за приемот и искрените честитки по повод нејзиното именување на чело на КОВЗРГ, истакнувајќи ја отвореноста за идна плодотворна соработка на Комисијата и Кумановско-осоговската епархија.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}