Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски оствари средба со новоизбраниот Митрополит г. Григориј
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски оствари средба со новоизбраниот Митрополит г. Григориј (Настески).
Директорот на КОВЗРГ на новоизбраниот Митрополит му го честита изборот за архиереј во МПЦ-ОА и му посака успеси во извршувањето на новата служба.
На средбата од страна на новоизбраниот Митрополит г. Григориј, Директорот беше информиран за тековните подготовки околу хиротонијата и интронизацијата.
Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето за Кумановско-осоговски митрополит ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Свети Николај Чудотворец“ во Куманово.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}