Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски оддржа средба со погребалните оператори од Тетово, одговорниот претставник на ЈКП Тетово за гробиштата, како и архиерејскиот намесник и секретарот на Тетовско-гостиварската епархија.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски оддржа средба со погребалните оператори од Тетово, одговорниот претставник на ЈКП Тетово за гробиштата, како и архиерејскиот намесник и секретарот на Тетовско-гостиварската епархија.
Средбата беше конструктивна и следи по мојата реакција од вчерашниот ден. На истата имавме долга и отворена дискусија и можеме да известиме дека ќе биде овозможено правото на закоп на починато лице во семејната гробница, односно старо гробно место за лицата кои починале од Ковид 19. ЈКП согласно својата евиденција и правилата за закоп на умрено лице кои важеле и претходно, ќе утврдат дали во старото гробно место има услови за закоп, односно дали поминало доволно време од претходниот закоп и дали самото гробно место ги исполнува условите, имајќи во предвид дека посмртните останки од овој вид на починати можат да бидат погабаритни поради дополнителната опрема.
Погребалните оператори не запознаа со предизвиците и проблемите со кои тие се соочуваат, кои во вакви пандемиски услови за работа се големи, а сите ние треба да имаме разбирање за тоа. На средбата претставникот на ЈКП извести и дека е потпишан договор со погребалното претпријатие АД Бутел од Скопје, кој ќе ја регулира и нивната работа, со оглед на нивната вклученост поради тетовските пациенти на скопските клиники.
Оваа незапомнета криза сите не соочи со нешто до сега невидено, а предизвика и големи проблеми во секоја сфера од секојдневното живеење. Да имаме трпение, разбирање и воздржаност.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}