Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со претставници на Амбасадата на САД
Денеска директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи - КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска оствари средба со претставници на амбасадата на САД, политичкиот советник за верски слободи г-дин Зеус Севиља и политичкиот аналитичар Адриан Исмаили.
Средбата имаше работен карактер и беше разговарано за минатогодишниот меѓународен извештај за верските слободи за 2023 година.
Темите кои беа опфатени се однесуваат на состојбата во однос на почитување на верските слободи од страна на државата, Нацрт - измените и дополнувањата на Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група од 2007 од страна на Министерството за правда, акредитација на средните верски училишта, дискриминација или нееднаков третман на верските заедници од страна на локалните власти итн.
Претставниците на амбасадата на САД и го честитаа мандатот на новоименуваната директорка и изразија желба за понатамошна заедничка соработка.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}