Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари прва средба со преставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи.
На ден 14. 10. 2024 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска оствари прва средба со преставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи во Клубот на пратеници во Скопје.
Средбата беше од информативен карактер. По претставувањето, директорката Трајковска го истакна значењето од доприносот на секоја една верска група за развој на соживотот и толеранцијата во земјата, но и за ширењето на моралните пораки, кои се од особено значење за секој еден човек.
Претставниците на верските групи и го честитаа изборот на директорката Трајковска, посакувајќи и успешна работа. Тие ја запознаа директорката со поважните активности и проекти со кои како верски субјекти делуваат во нашето мултиконфесионално општество.
Директорката Трајковска им се заблагодари на сите за присуството и ја истакна подготвеноста на КОВЗРГ за идна плодна меѓусебна соработка и институционална отвореност за секој регистриран верски субјект во државата.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}