Директорот на КОВЗРГ, м-р Даријан Сотировски оствари средба со претставници од НВО „Цивил“.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски ги прими и оствари средба со преставници на „Цивил“ по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
Претставниците на организацијата го информираа директорот Сотировски за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности.
Сотировски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.
Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ опфаќа три големи области на дејствување на организацијата во овие области. Како и претходно, така и во наредниот период, ЦИВИЛ ќе го следи, но и ќе даде свој придонес кон спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“, а ќе понуди идеи и за креирањето на Стратегијата 2023-2025 година.
ЦИВИЛ ја спроведува иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}