Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски имаше срдечна средба со тетовскиот муфтија проф. д-р Ќани еф. Несими.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 29. 01. 2021 година во просториите на Тетовското муфтиство оствари средба со тетовскиот муфтија проф. д-р Ќани еф. Несими.
Тетовското муфтиство има значајна улога во нашето мултиконфесионално општество, а придонесот на муфтијата во негувањето на дијалогот и почитта е за поздрав.
Продолжуваме да негуваме квалитетни односи и соработка и во иднина.