Во рамките на неколкудневниот престој во Малме, Шведска, и посетата на Копенхаген, Данска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, оствари значајни контакти со високи државни и дипломатски претставници.

Во таа насока, таа разговараше со директорката за верски прашања при Владата на Шведска, г-ѓа Тања Вилкунд, вршителката на должноста амбасадор на Република Северна Македонија во Стокхолм, г-ѓа Станислава Чупиќ, амбасадорот на Република Северна Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели, како и со заменик-амбасадорот, г. Илчо Талевски.
При посетата на Амбасадата во Копенхаген, директорката Трајковска беше дел од заедничката делегација со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на конструктивните разговори, посебен акцент беше ставен на приоритетните прашања поврзани со верските заедници, зачувувањето на културниот и духовниот идентитет на Македонците во дијаспората, како и на можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Беше изразена заедничка подготвеност за воспоставување нови партнерства, институционално вмрежување и реализација на идни проекти од интерес за Македонците во дијаспората.
Заедничката заложба е преку конкретна соработка и нови иницијативи да се зајакнат врските на македонската дијаспора со татковината и да се создадат повеќе можности за зачувување и негување на нејзиниот верски, културен и духовен идентитет.