Традиционалниот прием уште еднаш ја потврди улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како значаен духовен столб за дијалог и единство меѓу Црквата, државните институции и општеството во целина.
На покана на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, вчера се одржа свечен традиционален празничен прием по повод именденот на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на кој присуствуваше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска во придружба на својот тим од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
На настанот присуствуваа бројни претставници на државниот и општествениот живот: градоначалници и претставници на локалната самоуправа, министри, поранешни претседатели, академици, професори, претставници на МПЦ-ОА, и високи претставници од државниот врв.
Свечената вечер беше отворена со Молебен канон во чест на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, по што следеше обраќање на архиепископот г.г. Стефан. Во своето слово, поглаварот ја истакна длабоката духовна и општествена важност на Христовото раѓање- Божиќ, како и темелните вредности што ја зацврстуваат верата, заедништвото и идентитетот на македонскиот народ.
Традиционалниот прием уште еднаш ја потврди улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како значаен духовен столб за дијалог и единство меѓу Црквата, државните институции и општеството во целина.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}