На 20 декември 2025 година во просториите на синагогата Бет Јаков, беше одбележан големиот еврејски празник Ханука – празникот на светлината, надежта и духовната истрајност.
На 20 декември 2025 година во просториите на синагогата Бет Јаков, беше одбележан големиот еврејски празник Ханука – празникот на светлината, надежта и духовната истрајност.
Ханука го симболизира триумфот на светлината над темнината, верата над стравот и духовната сила над искушенијата. Празникот потсетува на чудото на светлината што траела осум дена и претставува порака за истрајност, надеж и зачувување на идентитетот и духовните вредности.
Во рамки на одбележувањето, на кое присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, која запали и свеќа на ханукијата. Првата свеќа ја запали градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски; како и претседателот на ЕЗРМ, г-дин Пепо Леви, претставници на МПЦ, КЦ и ИВЗ; градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
Комисијата и натаму останува посветена на унапредување на меѓурелигискиот дијалог, меѓусебното почитување и афирмацијата на верскиот плурализам како темел на едно демократско и мултикултурно општество.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}