На отворањето присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која со своето присуство го потврди значењето на оваа културна манифестација како мост на духовно и културно зближување.
Со синоќешното свечено отворање започна 64 издание на најпрестижната поетска манифестација – Струшките вечери на поезијата, која од 21 до 25 август 2025 година ја претвора Струга во светска престолнина на поетскиот збор.
На свечената церемонија свои обраќања имаа: Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков и директорот на фестивалот, г-дин Никола Кукунеш, који ја нагласија универзалната моќ на поезијата да гради мостови меѓу народите и културите.
На отворањето присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која со своето присуство го потврди значењето на оваа културна манифестација како мост на духовно и културно зближување.
Оваа година манифестацијата е во знакот на глаголицата и нејзината афирмација. Заштитното лого на фестивалот е токму глаголската буква „глагол“, како симбол на зборот и говорот што ги поврзува вековите и народите. Автор на постерот за овогодинешното издание е академскиот сликар Лазе Трипков.
Лауреат на престижната награда „Златен венец“ е словачкиот поет Иван Штpбка, кој со своето творештво оставил длабоки траги во современата европска поезија.
Во контекст на поетското чествување ја издвојуваме песната „Молитва“, со силни стихови кои ги одразуваат времето, тагата и осаменоста, но и трајната потреба од духовна надеж:
Со овој возвишен почеток, Струшките вечери на поезијата уште еднаш потврдија дека се вистинска светска сцена на која поетите и љубителите на поезијата ја споделуваат својата уметност и визија за човештвото.