Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска на ден 18. 04. 2026 година присуствуваше на Света Боженствена Литургија во манастирот "Св. Петнаесет Тивериополски маченици" и на Свештената литија со иконата на Пресвета Богородица - Брзопослушничка, во градот Струмица.

Епископот Стобиски г.Јаков чиноначалствуваше со Светата Литургија и ја предводеше Свештената литија, во присуство на многуброен верен народ.
На Литургијата и литијата присуствуваа и претставници на државната власт: градоначалникот на Струмица, Петар Јанков; градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов; градоначалникот на Василево, Славе Андонов и градоначалникот на Дојран, Илија Тентов; пратениците Миле Цеков, Петср Марков и Ели Панова, како и советници, претставници на институциите, политичките партии и јавниот општествен живот.
По завршувањето на Свештената Литија верниот народ имаше можност да се поклони на светата икона на Пресвета Богородица- Брзопослушничка и светите мошти на Свети Василиј Велики и Свети првомаченик Стефан.
Литијата ја сплоти Струмица на посебен, боженствен начин, под закрилата на Пресветата Мајка. Секој, кој, чекореше низ Струмица, беше обземен од благодатта на Брзопослушничката.