Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва - г.г. Стефан, Митрополитот Дебарско кичевски - г. Тимотеј, Епископот Антаниски и игумен Бигорски - г. Партениј и до православниот клир и верниот народ.
Ваше Блаженство, Високопресвештенство, Преосвештенство, отци и верен народ
Еден милениум Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител ги грее срцата на македонскиот народ и многубројните православни христијани, кои од различни краеви на светот, во различни временски епохи, својот духовен мир го пронашле или својот духовен раст го започнале во нашата македонска национална црковна гордост. Бигорскиот манастир преку својата широка духовна, социјална, национална, научна и просветна мисија, низ годините е препознаен од нашиот народ како негов верен сопатник со суштински придонес во секое поле. Како современа генерација имаме историска чест и споделуваме голема радост што сме тука кога се навршуваат илјада лета од славното основање на манастирот од нашиот закрилник поглаварот Охридски Јован Дебарски.
Дозволете да Ви го честитам јубилејот 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, со желби овие возвишени празнични мигови на сеопшта сплотеност на верниот народ да траат, и да се умножуваат сите добродетели кои ги твори светата бигорска обител.
За многу години !
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}