Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Велигден.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Дозволете во овие свечени и празнични моменти, Вам, на членовите на САС на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, како и на целокупното свештенство, монаштвото и на сите православни верници, да Ви го честитам најголемиот и најсветлиот христијански празник-Христовото Воскресение-Велигден.
Во предизвиците кои ги носи новото време, нека пропее гласот на македонската народна душа, полна со преданија, емоции и сеќавања. Пораките на овој голем празник нека го допрат срцето на секој еден верник, исполнувајќи го со радост, мир и надеж за подобро утре.
Честитајќи Ви го Христовото Воскресение – Велигден, Ви посакувам убави празнични мигови, и Ве поздравувам со најрадосниот поздрав:
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
Директор
м-р Даријан Сотировски