Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска по повод Денот на протестантската реформација упати телеграма со честитки до Евангелско-протестантската иницијатива (ЕПИ).
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска по повод Денот на протестантската реформација упати телеграма со честитки до Евангелско-протестантската иницијатива (ЕПИ).
Дозволете ми во овие мигови, по повод Денот на Протестантската Реформација, од мое лично име, како и од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам срдечни честитки до Вас, и до сите протестантски верски заедници во Република Македонија.
Вредностите на протестантската реформација денес ги жнее целиот свет. Тоа се вредности кои се темелат врз основните права и слободи на човекот. Нашата татковина негува и несебично ги споделува овие принципи, а особено е горда на животното дело на покојниот претседател, г-дин Борис Трајковски, со кое ја задолжи Македонија. Нека овој празник биде потсетник на нашата заедничка заложба, секогаш се бориме за правда, вистина и еднаквост за сите.
Ви посакувам честит Ден на Протестантската реформација, со искрени желби овој значаен ден да го поминете во среќа, здравје и многу радост.
Директор
Оливера Трајковска
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}