Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот на Песах.
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Песах.
Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ и одбележувањето на денот на ослободување на еврејскиот народ од египетското ропство.
Одбележувањето на овој празник кај еврејскиот народ е поврзан со симболот на слободата како универзална вредност на секој човек. Познатиот стих од Тората: „Запомнете го овој ден, кога бевте ослободени од Египет, од тешкото ропство, како Господ Ве ослободи со Неговата силна рака!“ нека поттикне на размислување дека благостојбата на човекот, неговата среќа, мир и здравје произлегуваат од Бога како извор на духовна сила која сите не обединува во заедничката мрежа на човештвото. Еврејската заедница во Македонија негувајќи ги вредностите на културата, традицијата и верата има своја особена улога во духовната кохезија и остварување на мирот во нашето општество.
Ви посакувам, овој празник да го поминете во мир, здравје и благосостојба.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}