Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Ханука.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Претседателката на Евреската верска заедница д-р Берта Романо-Николиќ, како и до сите припадници на ЕЗРМ, честитајќи им го празникот Ханука.
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Еврејската заедница, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви го честитам празникот ХАНУКА.
Пораката на Ханука е универзална, а таа е да ги чуваме и негуваме позитивните вредности, реафирмирајќи ја важноста на слободата на човекот и неговите заложби во градењето на подобар свет. Палењето на менората како традиционален обичај на Евреите од целиот свет претставува симбол на радост, светлина и победа над непријателските сили.
Во тој дух на празнична радост, Ви посакувам деновите на Ханука да ги поминете во кругот на Вашите најблиски, во љубов, светлина и здравје.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}